Почитувани,

Центар за јавно здравје - Охрид врши услуга земање брисеви за тестирање за COVID 19 со PCR метод со издавање на резултат и сертификат на Македонски и Англиски јазик.

Земањето брисеви се врши од понеделник до сабота, од 7.30 - 9.30 часот наутро.

Потребно е да носите пасош или друг документ за лична идентификација со кој ќе патувате.

Цената за еден (1) тест е:

- 2150 денари за резултат на Англиски јазик или

- 1900 денари за резултат на Македонски јазик.

Ако резултатот не сте го добиле до 19.00 ч. контактирајте не на тел 070/723-029 или на е-маил mikro@iph.mk

---------------------------------------------------------------------------------------------------------

The Center for Public Health Ohrid provides swabs for testing for COVID 19 with PCR method and issuing a result with a certificate in English.

Swabs are taken from Monday to Saturday, from 7.30 - 9.30 a.m.

You will need to carry a passport / other personal identification document with which you will travel.

The price for one (1) test is:

- 2150 denars for a result in English or

- 1900 denars for a result in Macedonian language.

If you don`t receive the result until 19.00 h contact us tel 070/723-029 or send an mail on mikro@iph.mk

----------------------------------------------------------------------------------------------------------

Nëse nuk arinë rezultatet deri në oren 19.00 na kontaktioni ne tel 070/723-029 ose dërgoni e-mail ne mikro@iph.mk

Sonuҫlar 19.00`a kadar gelmezse üzerinden bize ulaşin tel 070/723-029 veya e-posta gönderin mikro@iph.mk


 

Добредојдовте

Центарот за јавно здравје е регионален Центар на територија на градовите Охрид, Струга и Дебар со околу 160.000 жители распоредени во 147 населени места. Центарот ја следи, истражува и анализира здравствената состојба и здравствената култура на населението, состојбата на животната средина и влијанието на еколошките фактори врз здравјето на луѓето, причините за појавата и ширењето на заразните и другите болести, ја организира здравствената служба и ги анализира показателите на здравствената состојба, предлага соодветни мерки со цел заштита и унапредување на здравјето на луѓето.

Дејноста на Центарот за јавно здравје е определена е со повеќе закони од кои најважни се Законот за здравствена заштита и Законот за јавно здравје. Во согласност со овие закони, Центарот преку своите служби обавува превентивни и дијагностички здравствени услуги.