Организација
Службата за епидемиологија го прати движењето на заразните и масовните хронични незаразни заболувања и ги утврдува мерките за нивно спречување и искоренување; ја планира, следи и контролира задолжителната имунизација, а обавува имунизација по епидемиолошки индикации; врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
ХИГИЕНА СО ЗДРАВСТВЕНА ЕКОЛОГИЈА
Службата по хигиена ги следи и анализира хигиенските и еколошките фактори што влијаат врз здравјето на населението, врши надзор над сите објекти со хигиенско-епидемиолошко значење; ја анализира исправноста на водата за пиење, површинските, отпадните води, прехрамбените производи и предмети за општа употреба; го мери аерозагадувањето.
САНИТАРНА ХЕМИЈА И БРОМАТОЛОГИЈА
Во лабораториите по броматологија-санитарна хемија се врши физичко-хемиска и токсиколошка анализа на сите видови вода (за пиење, површинска, отпадна), прехрамбени производи, предмети за општа употреба и козметички препарати, аерозагадување.
Во лабораториите по клиничка и санитарна микробиологија се врши изолација и идентификација на причинителите на различни инфективни заболувања - бактериски, паразитски и габични или докажување на тие агенси во болничкиот материјал, и прехрамбените производи. Во тек е процес на акредитација на лабораториите по стандардот ИСО 17025.
Службата за социјална медицина се занимава со организација на здравствената служба, пратење на здравствено статистичките податоци, здравствено воспитување, развој на медицинска информатика и економика во здравството.
https://cjzohrid.mk:443/couch/uploads/file/zdravje-za-site.pdf
https://cjzohrid.mk:443/couch/uploads/file/mk1.JPG
https://cjzohrid.mk:443/couch/uploads/file/mk2.JPG
https://cjzohrid.mk:443/couch/uploads/file/mk3.JPG
СЛУЖБА ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ РАБОТИ
Службата за административни работи ги соединува материјално - финансиско работење, административно техничка служба.
https://cjzohrid.mk:443/couch/uploads/file/правилник за службени возила