Превентивни Програми

ГРИП

Influence (grip)  е космополитско заразно капково заболување, кое примарно ги напаѓа  кое примарно и селактивно го напаѓа епителот на респираторниот систем.

Грипот е непроменлива болест причинета со променлив вирус (антигенски нестабилен)

Грипот клинички се манифестира по инкубационен период  од 1- 3 дена.

Болеста почнува нагло, со покачена температура над 380С, треска, течење на носот, болки во грлото, солзење, болки во мускули, малаксаност, главоболка во пределот на челото и слeпоочната регија. Болниот губи апетит, има несоница. Почнува суво да кашла и чувствува болки зад градната коска. Кај некои луѓе се јавува абдоминална болка, пролив, како и повраќање. По неколку дена температурата литички паѓа и почнува да се подобрува општата состојба.

 

ЗАШТИТА ОД ГРИП

Општите мерки за заштита од грип се во насока на спречување на инфекција и зајакнување на општата отпорност на телото и вклучуваат:

 

  • Да се избегне контакт со заболени лица и лица  сомнителни за грип
  • Задолжително  миење на рацете со вода и сапун, особено  по  допирање на очите, носот и устата.
  • Да се покриваат носот и устата  со рака или марамче за еднократна употреба при кивање и кашлање
  • По употребата шамивчињата веднаш да се фрлаат во отпад
  • Да се бришат рацете со влажни шамивчиња на база на алкохол
  • Редовно  проветрување  на  просториите  и подолг престој  на  свеж воздух,
  • Да  се избегнуваат јавни собири и стресни состојби,
  • Да  се консумира храна  богата со витамини   (свежо овошје и зеленчук), топли пијалаци (чаеви и супи) и умерена физичка активност.
  • Да се остане дома и да не се оди на работа и училиште во случај на појава на симптоми на грип  и да се ограничат сите контакти со други   лица, со цел да се спречи можноста и  тие да се заразат
  • Изолација и лекување во домашни услови на заболените  до опоравување, односно. најмалку 24 часа по исчезнување на симптомите на болест

 

За лечење на  некомплицираните случаи на  грип, важен  е одмор, правилна исхрана, употребата на витаминска терапија, доволен внес на течности, топли пијалаци, доколку е потребно, треба да се земаат лекови  за  висока температура, кашлица и капки за нос.

 

Тешки форми и компликации треба да се лекуваат во болница

Најефикасна специфична меркa за спречување на грип е вакцинацијата. Светската здравствена организација препорачува вакцината секоја сезона, кој ги содржи актуелните соеви на вирусот на грип регистрирани во циркулацијата претходната сезона на грип.